fbpx

Мерките за намалување на цените даваат резултат, се намалува инфлацијата

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Мерките и политиките на Владата предводена од СДСМ за намалување на цените даваат резултати.

Со мерките за ‘гарантирана’ цена 25 категории основни прехранбени производи од пекарската, млечната и месната индустрија, се намалени од 10% до 40%, а во подготовка се нови антикризни мерки.

Цените во малопродажбата се намалуваат, особено оние опфатени со владината одлука, а има податоци и дека и се намалуваат цени и од други категории производи.

Овие мерки за намалување и замрзнување на цените на основните прехранбени производи, директно влијаат за заштита на стандардот на граѓаните но и за намалување на инфлацијата.

Инфлацијата е намалена за две третини од највисокото ниво во октомври 2022 година од 19,8 отсто, на 6,6 проценти во октомври 2023 година.

Ова е најниска стапка на инфлација во последните 20 месеци.

Владините мерки доведоа до едноцифрена инфлација, а трендот на намалување на инфлацијата се очекува да продолжи и следната година.

СДСМ, како одговорна партија продолжува со мерки и политики за намалување на инфлацијата и заштита на животниот стандард на граѓаните.

Последни вести