Прес-конференција, Дарко Каевски, пратеник и портпарол на СДСМ
Почитувани,
После 2 години локална власт на ДПМНЕ во над 40 општини и во градот Скопје јасно е дека ДПМНЕ не ја оправда довербата.
Мицкоски и ДПМНЕ ги разочараа граѓаните.
Градоначалниците на ДПМНЕ на половина од мандатот имаат 0 резултати.
Ветените проекти во изборните програми ДПМНЕ не ги оствари.
Во Кисела Вода градоначалникот Орце Ѓорѓиевски во изборната програма ветуваше нова Поликлиника, нова Противпожарна станица и ново основно училиште.
Поминаа 2 години изборните ветувања Ѓорѓиевски не ги исполни.
Во Кисела Вода нема нова Поликлиника, нема нова Провпожарна станица а нема ниту ново основно училишта.
Ѓорѓиевски не го исполни ниту ветувањето пред граѓаните за гасификација на училиштата.
Нема нов спортски центар со базен а салата Расадник се распаѓа комплетно.
Бројни се нереализираните ветувања на Орце Ѓорѓиевски пред граѓаните.
Нема ниту нов стационар за кучиња, нема нови монтажни паркинзи, нема ниту нови мерни станици.
Единствените проекти за кои се слика Орце Ѓорѓиевски се од централната власт на СДСМ.
Со еден збор, ДПМНЕ и Ѓоржиевски во Кисела Вода за 2 години имаат 0 резултати.
Но затоа Орце Ѓорѓиевски може да го видиме на слики со скап часовник. Прашањето е од каде му се толку пари и кога успеа да ги заработи?
Луксузирањето на кадрите на Мицкоски покажува нивното вистинско лице.
Не се грижи ДПМНЕ за граѓаните, ниту што им ветиле, ниту на што се обврзале, тие се грижат само за себе.
Градоначалниците на ДПМНЕ ги разочараа граѓаните.