Прес-конференција, Дарко Каевски, портпарол и пратеник на СДСМ
Почитувани,
После 2 години локална власт на ДПМНЕ во над 40 општини, градоначалниците на оваа партија имаат 0 резултати.
Ниту еден од ветените проекти во изборните програми на градоначалниците од ДПМНЕ не се остварени.
Досега наведовме 10 примери, големи општини ширум републиката кои под капата на ДПМНЕ стагнираат наместо да се развиваат.
Катастрофално лоши резултати во работата во првите 2 години граѓаните гледаат и во Гази Баба.
ДПМНЕ и Стефкоски ги изневерија граѓаните.
Едно зборуваа пред локалните избори, а сега нема ништо од тоа, една голема НУЛА.
Ги нема ветените 4 нови градинки наведени во изборната програма.
Нема ниту нови 4 спортски центри во Гази Баба.
Нема нови улици, ги нема ниту ветените нови 2 клучки на бул. Александар Македонски.
Но затоа во Гази Баба има нечистотија, ѓубре и диви депонии.
Згора на се, ДПМНЕ и Стефкоски ги задолжија граѓаните на Гази Баба со нови 5 милиони евра.
Половина од мандатот помина а истата матрица на ДПМНЕ ја гледаат граѓаните: неработа, нови долгови и безброј неисполнети ветувања.
ДПМНЕ ги изневери граѓаните и не ја оправда довербата дадена на локалните избори.
ДПМНЕ ја има најнеспособната локална власт.