Соопштение за јавност
Економските мерки на владата предводена од СДСМ даваат резултат. Се зголемува економскиот раст, се повеќе пари завршуваат кај граѓаните и кај компаниите.
Тоа го потврдува уште еден податок. Во 2018 Министерството за финансии извршило поврат на ДДВ во вкупна вредност од 375,6 милиони евра.
Во апсолутни бројки, минатата година назад во компаниите завршиле 60 милиони евра повеќе отколку во 2017 година.
За разлика од претходните години на пример, кога поради криминалните политики на ВМРО ДПМНЕ, не се исплаќаше навреме, доцнеше и фирмите беа под притисок, денес повратот на ДДВ се реализира навремено и неселективно.
Брзиот и неселективен поврат на ДДВ кон фирмите ја подобрува ликвидноста во стопанството, а со тоа се стимулираат инвестициите и отворањето на нови работни места.
Владата предводена од СДСМ продолжува на спроведување на политиките што обезбедуваат економски раст, зголемени инвестиции, нови работни места и повеќе пари кај секој граѓанин.
Скопје, 27.01.2019
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА