fbpx

Лукаревска: Неместо во стиропор и Скопје 2014, СДСМ парите ги насочува кон граѓаните, кон пензионерите

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Новиот пакет антикризни мерки ќе биде насочен кон оние на кои им е најпотребен, тоа е разликата меѓу нас и опозицијата, наместо за стиропор, жални врби и Скопје 2014 СДСМ парите ги насочува кон граѓаните, рече заменик претседателката на СДСМ, Сања Лукаревска во утринската програма на „Слободен печат“.
Таа додаде дека владата предводена од СДСМ ги исполни своите главни ветувања за раст на просечната и минималната плата, но и се погрижи за раст на пензиите и подобрување на животниот стандард на пензионерите.

-Во новиот буџет за наредната година имаме предвидено 1,36 милијарди евра за пензионерите. Од 2017 година, вклучително и 2024, издвоени се 8,5 милијарди евра за пензионерите. Просечната и минималната пензија се зголемени за 50 отсто. Просечната и миналната плата ги покачивме. Освен покачувањето на платите, Владата предводена од СДСМ успеа да ја исполни стратешката цел членство во НАТО, но и да гради Едно општество за сите во земјава. Останавме и на ветувањето дека ги враќаме парите назад кај граѓаните, додаде Лукаревска.

Заменик претседателката на СДСМ додаде дека конзистентноста во остварување на прокетите е резулат на успешно креирање на политики во текот на овие 7 години на власт – а тоа е предуслов за да имаме едно напредно општество за сите.

Последни вести