Соопштение за јавност
Со СДСМ младите добиваат повеќе, над 120 илјади ученици и студенти добиваат поддршка во следната половина година преку новиот пакет антикризни мерки кои ги усвои Владата на СДСМ, рече претседателот на СДММ, Марко Михаилоски на трибината „Повеќе за сите“ во Тетово.
-15.000 студенти кои живеат надвор од местото на студирање добиваат ваучер за превоз, во следните седум месеци, во износ од 600 до 1.200 денари. Само за оваа мерка издвојуваме 2 милиони евра од Буџетот, рече Михаилоски.
За основците и средношколците од ранливи семејства во наредните шест месеци добиваат по 1.200, односно 1.800 денари месечно поддршка. СДСМ се грижи за ранливите и со СДСМ сите добиваат повеќе, додаде тој.
Не се само овие мерки, СДСМ заедно со младите и студентите обезбеди за прв пат мерка за субвенциониран студентски оброк за 40.000 редовни студенти, потенцираше Михаилоски на трибината „Повеќе за сите“ во Тетово.