Соопштение за јавност
СДСМ по иницијатива на СДММ обезбеди за прв пат мерка за субвенциониран студентски оброк, над 3.300 денари коишто ги добиваат 40.000 редовни студенти, и тоа е повеќе за младите, рече претседателот на СДММ, Марко Михаилоски на трибината „Повеќе за сите“ во Гази Баба.
Обезбедивме младински додаток од 3.000 денари на плата за млади во производствен процес, додаде тој. Заедно се изборивме стапката на невработеност кај младите да опадне на историски најниско ниво, само преку Гаранција за млади вклучивме над 80.000 млади. Обезбедивме грантови за самовработување за млади: 5.000 евра по лице или 10.000 за двајца партнери доколку основаат фирма. Тука е и мерката на СДСМ за грантови за млад земјоделец од 10 000 евра. Па се до последниот пакет економски антикризни мерки вреден 662 милиони евра каде издвојуваме поддршка за ранливи, но и ваучери за средношколци и студенти. Бројките говорат се, тоа е грижа за сите, рече Михаилоски.