Соопштение за јавност
Да ние сме за ЕУ, ДА ние ги поддржуваме уставните измени, Да ние го поддржуваме европскиот предлог, ДА сме тргнале натаму, ДА имаме критики во извештајот на ЕК, на коишто треба да работиме, но ДА и вистина од Брисел велат дека уставните измени се клучниот предуслов со којшто треба да се почне. Сега е време конкретно да одговори опозициската партија што е алтернативата, истакна портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска, во емисијата „24 анализа“ на телевизија 24.
Кузеска нагласи дека ДПМНЕ треба точно да каже која е алтернативата и што треба да се направи, да каже што со оваа држава и како понатаму, а не само да слушаме демагогија од партијата која 11 години ја држеше државата заробена, раскарана со сите држави.
СДСМ има земено обврска за стратешка цел ветена пред 30 години, а тоа е членство во НАТО и членство во ЕУ. Осумдесет отсто од граѓаните сакаат да влезат во ЕУ, а вие упорно не одговарате. Јас доколку би била од другата страна со политика како вашата четири месеци пред избори би дошла подготвена со алтернатива. Не може пред граѓаните програмата да ви се вика „Ќе видиме и ќе ви кажеме“, потенцираше Кузеска, додавајќи дека ДПМНЕ треба да излезе и да каже што со оваа држава и како понатаму.
Кузеска наглади дека не е вистина дека опозицијата била конструктивна и ДПМНЕ треба да им се извини на граѓаните за ширење лажни вести и непотребни стравувања, за заплашувањата со бугаризација и асимилација.
Имавме опозиција којашто константно се трудеше да кочи да не се изгласаат уставните измени и да биде земјата во моментот во ваква ситуација каква што е. Наместо денеска да имаме добри вести, денеска слушаме за можност да не се одржи меѓувладина конференција и секако за можност да се вратиме наназад, рече Кузеска, додавајќи дека во извештајот на ЕК точно пишува дека опозицијата со неизгласување на уставните измени го кочи патот кон ЕУ.
Не смееме да дозвилиме како политички партии и на власт и во опозиција да бидеме изворот на лажни вести ниту на полувистина. Ние треба посебно кога се работи за една ваква сериозна работа да одиме со официјалните информации коишто ги добиваме оттаму. Според последните информации од состанокот нема промена на преговарачка рамка, истакна портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска за Телевизија 24.