Соопштение за јавност
Позитивните економски показатели од минатата 2018 година покажуваат дека економијата е раздвижена, расте и се развива во вистинска насока, платите растат во сите сектори, се повеќе пари завршуваат назад, кај граѓаните.
Вистинските економски политики на Владата и Планот за економски раст даваат резултат.
Реални се очекувањата и проекциите за 2019 година како година на економијата. Трендот на раст на платите продолжува и во оваа 2019 година.
Оваа година, вработените во здравството, образованието, армијата, полицијата, вработените во детските градинки и културните работници добиваат поголеми плати за 5 проценци.
Докторите специјалисти добиваат поголеми плати за 10 отсто. Државната помош за претпријатијата ќе овозможи услови за зголемување на платите во приватниот сектор и отворање нови работни места.
Создадени се услови навистина да се вренува трудот на работниците и да се подобри животниот стандард на работничките семејства, на граѓаните.
Истовремено, невработеноста во 2019 и понатаму ќе се намалува, преку пакетот активни мерки за вработување – вреден 1.1 милијарда денари. Очекувањата се невработеноста да се намали под 20%, што е историски најниско ниво.
Со посветено и домаќинско работење и со спроведувањето на зацртаните економски мерки, владата предводена од СДСМ создава реални услови за повисоки плати, нови и подобро платени работни места, повеќе пари во секое семјство и подобар животен стандард за граѓаните во 2019 година.
Скопје, 04.01.2019
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА