Соопштение за јавност
Во досегашниот период, Владата предводена од СДСМ преку низа спроведени мерки позитивно влијаеше врз намалувањето на трошоците и обезбедување повеќе пари во секое домаќинство.
Намалувањето на трошоците започна со воведувањето на евтината тарифа на струјата, со која граѓаните на годишно ниво заштедуваат над 11 милиони евра, како и укинувањето на радиодифузната такса којашто на годишно ниво на граѓаните им заштедува околу 12 милиони денари.
Мерките за намалување на трошоците на граѓаните продолжуваат. Усвоен е Законот за отпис на камати на долгови којшто ќе ги намали троошоците на заостанатите сметки за струја, вода, телефонија и интернет и ќе го олесни животот на граѓаните, особено оние од ранливите категории.
Се намалуваат трошоците за нотарските и услугите на извршителите за 50 отсто до 90 отсто, а со новите тарифници, ќе бидат укинати дури 16 ставки коишто порано се наплаќаа.
Ставаме крај на драконското казнување, воведуваме опомена пред казна и правична казнена политика.
Казните се намалуваат и до 75 отсто, се воведува опомена пред казнување, глобите ќе се одредуваат пропорционално на прекршокот, а за првпат се воведува и градација помеѓу малите, средни и големи претпријаија.
Со тоа, се постигнува целта казната да не го отежнува животот на граѓаните и компаниите, туку казните пред се да имаат превентивна и корективна улога.
И во годината што доаѓа, Владата предводена од СДСМ продолжува посветено да ги спроведува мерките што обезбедуваат намалени трошоци за живот, повеќе пари во семејствата и повисок животен стандард за сите граѓаните.
Скопје, 03.01.2019
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА