Соопштение за јавност
Христијан Мицкоски повторно не се огради од деструктивните антизападни политики на Никола Груевски туку ги следи и ги потврдува.
Мицкоски не се откажа од Груевски. На јавноста, на граѓаните им е јасно, Мицкоски никогаш нема да се откаже од Груевски, никогаш нема да се откаже од одбраната на неговиот криминал.
Мицкоски не се огради ниту од антизападните гласноговорници кои ги користеше Никола Груевски.
Исто како и неговиот ментор, Никола Груевски, и Мицкоски ги користи деструктивните услуги од Миленко Неделковски, човек којшто со години шири лажни вести, говор омраза, кој е против НАТО и ЕУ и посакува пропаст на Македонија.
Токму од Груевски, Неделковски доби земјиште и субвенции а Мицкоски доби државно земјиште за својот бизнис со хидроцентрали во време кога му беше советник.
Затоа денес Мицкоски ги брани криминалите на Никола Груевски и преку неосновани иницијативи се обидува да ја закочи иднината.
На граѓаните им е совршено јасно, Мицкоски отворено работи против членството во ЕУ и НАТО.
Скопје, 12.12.2018
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА