fbpx

Борците од НОБ: Во Платформата за демократска Македонија се нашите идеали

Facebook
Twitter
LinkedIn

Изјава за медиуми
Трајко Стаматовски, претседател на Градски одбор на Сојуз на борците од НОБ
Скопје, 25.04.2016

Јас можам да кажам дека денеска ние само го сметаме потпишувањето еден формален чин бидејќи ние за оваа Платформа се определивме уште 1941 година и ние не отстапуваме од тие наши идеали за кои знаевме како влеговме во борбата и знаеме како ја издвојувавме борбата.

Немојте да сметате дека ние говориме со некој сентимент. Не, ние говориме со болка, со крик. Нам не ни е сеедно што станува со нашата држава. И затоа нашиот пат е непоколеблив. Ние сакаме слободољубиви, правдољубиви луѓе, среќна Македонија и среќен живот за секој човек во нашата земја.

 

 

 

 

Последни вести