fbpx

Скандалот со загинатиот работник поврзан со луѓе блиски до Николовски и ДПМНЕ

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Скандалот, во кој за жал е загубен човечки живот, е поврзан со луѓе блиски до потпретседалот на ДПМНЕ Александар Николоски и опозициската ДПМНЕ.

При ископ на зграда во Скопје, којашто ја вршела компанија на Ивица Георгиевски – Фреди, човек близок до ДПМНЕ и актуелниот потпретседател Александар Николовски, поради несоодветно обезбедена градежна јама е загубен човечки живот и прекршен е законот.

Во дел од медиумите се објавени и информации дека наводно Николоски е ортак со Георгиевски.

Одговорност за овој случај мора да има и затоа надлежна институција веќе има поднесено кривични пријави за незаконско работење.

Овој скандал кој покажува дека на ДПМНЕ не им се важни човечките животи туку бизнисите и дека непочитувањето на законите е нивна одлика.

Во оваа партија ништо се нема променето. Ова е доказ како работи ДПМНЕ.

Последни вести