fbpx

Фактите се поразителни за ДПМНЕ, во сите сегменти имаат послаб резултат од СДСМ

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Според бројките и фактите, во времето на ДПМНЕ граѓаните имаа историски најниски плати, пензии и инвестиции. Во споредба со СДСМ имаат поразителни резулти во секој можен сегмент.

1. Со СДСМ платите и пензиите продолжија да растат и во тешки услови обезбедивме историски најсилна економска поддршка за граѓаните од над 2,6 милијарди евра.
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен СДСМ ја покачи на 39.000 денари. Просечната плата денес е 630 евра. Во времето на ДПМНЕ таа знесуваше околу 360 евра, или 22.460 денари. Во изминативе 6 години, СДСМ ја зголеми минималната плата за 4 пати од 9.000 на 20.000 денари. Што значи за само неколку години и во споредба со ДПМНЕ минималната плата е зголемена за над 100%.

2. Во споредба со времето на ДПМНЕ, СДСМ за 50% ја зголеми минимална пензија и просечната пензија. Во време на ДПМНЕ просечната пензија изнесуваше 13.754 денари, или нешто над 200 евра. Во март 2023 година, просечната пензија се покачи на околу 20.000 денари, што е зголемување од околу 6.000 денари, односно 100 евра.

3.Во времето на ДПМНЕ невработеноста беше 25%, со СДСМ 14% е невработеноста во овој момент.

4.Во енергетиката- 18 мега вати во време на ВМРО-ДПМНЕ беа инсталирани а 283 мега вати инсталиран од обновливи извори на енергија во време на СДСМ.

5.Поврат на ДДВ, нула во време на ВМРО-ДПМНЕ, 2.100 денари во време на СДСМ или вкупно 100 милиони евра досега.

6.Во услови на светска, економска и енергетска криза, СДСМ го зголеми бруто домашниот производ во споредба со ДПМНЕ за 3 милијарди евра. Во 2017 година БДП изнесуваше 9.7 милијарди а во 2022 е 12 милијарди.

7.Странските инвестиции во 2016 година со ДПМНЕ изнесуваа 338 милиони евра. Во 2022, година после пандемијата од КОВИД-19 и во ек на глобална економска и енергетска криза, односно во време на СДСМ изнесуваа речиси 754 милиони евра. Тоа е двојно повеќе од тоа што биле во 2016 година.

8. Инвестициите во ТИРЗ во време на ДПМНЕ во 2016 изнесуваа кумулативно 600 милиони евра. Во 2023, во време на СДСМ, кумулативно изнесуваат 2 милијарди евра.

Народот не заборава како ДПМНЕ фрли 1 милијарда евра на жални врби, стиропор и гаќи за Прометеј наместо парите да ги насочи кон граѓаните.

СДСМ со своите праведни и успешни го штити стандардот на граѓаните, обезбедува повисоки плати и пензии и работи на напредокот на државата.

Последни вести