fbpx

ДПМНЕ знае само за раце во медот, три пати поскапа машина купена во Велес од иста таква во Центар

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Одлика на ДПМНЕ се рацете во медот, овој пат со набавка на машини по астрономски цени.

Општина Велес, раководена од ДПМНЕ набавува една машина за бележење хоризонтална сигализација за 42.000 евра.

А општина Центар, купува иста таква машина,за три пати помала цена, односно околу 13.000 евра.

Разликата е огромна, или точно 29.000 илјади евра! Само од една машина.

Прашањето е во чии џебови завршила разликата?

Одговорност за испумпување народни пари преку општините водени од ДПМНЕ мора да има.

Последни вести