fbpx

ДПМНЕ со рацете во медот, мора да има одговорност за скандалот со купувањето поскапи машини

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

ДПМНЕ, освен рацете во медот, не знае ништо друго.

Општина Битола, под капатата на ДПМНЕ набавува машина за бележење хоризонтална сигнализација по цена од речиси 50.000 евра.

Иста машина е набавена и од ДПМНЕ во Општина Велес по нешто пониска цена од околу 42.000 евра.

Овие цени се 3-4 пати повисоки од реалните, со оглед на тоа што општина Центар, купила иста таква машина, но за 13.000 евра.

Разликата е огромна. Битола платила дури 37.000 евра повеќе од Центар, а Велес дури 29.000 евра.

Прашање е во чии џебови завршила разликата.

Овие астрономски суми се пари на граѓаните и токму затоа одговорност за скандалот со купувањето поскапи машини од страна на ДПМНЕ, мора да има.

Последни вести