Прес-конференција, Петар Петковски, потпретседател на СДММ
Почитувани граѓани,
Се редат нови скандали поврзани со градоначалниците на ДПМНЕ и спорните јавни набавки.
Јавното претпријатие Охридски комуналец извршило набавка на препарат на база на алги вредни 24.000 евра!
На страна основаноста и потребата за еден ваков препарат да се дадат 24.000 евра, пари на граѓаните за препарат на алги.
Но, спорното е тоа што препаратот на база на алги вреден 24.000 евра го добила фирма чијшто сопственик е донатор на ДПМНЕ.
Неговото име фигурира во јавно достапната листа во Извештајот за добиени донации на ДПМНЕ.
Истата партија од којашто е градоначалникот Пецаков.
Дали на овој начин се обезбедуваат парите за ДПМНЕ?
На потег се јавното Обвинителство и Државната комисија за спречување корупција!