fbpx

Шутаров: Протестите на ЈСП, треба да се пред белата палта на ДПМНЕ, тие се виновни за хаосот

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Хаосот што се случува во ЈСП и во Скопје е пример за тоа што се случува кога ДПМНЕ ќе добие власт. Советниците од ДПМНЕ, кои се мнозинство во Советот на Град Скопје, се противат на одлуките за субвенционирање на ЈСП и намерно, заради лични хирови на Мицкоски дополнително го заглавија претпријатието, а вработените не можат да ја земат декемвриската плата, која ја одработиле.

-Советничката група на СДСМ ги подржува вработените на ЈСП, кои денес протестираат, а ако денес не се изгласа барањето за субвенциите, за да можат вработени да земат плати, тогаш протестите треба да бидат пред „белата палата“ на ВМРО-ДПМНЕ, кои се виновни за овој хаос. Тие и за 2022 и за 2023 година, даваат позитивна одлука, а кога треба да се гласа, ја напуштаат седницата и никаде ги нема. Тие немаат став, туку политички хир,, рече Гордан Шутаров, советник во Советот на Град Скопје и генерален секретар на СДММ.

Граѓаните кои во огромен број го користат јавниот превоз, денеска повторно мака мачат да стигнат на работа, на училиште, на факултет, на пазар. Наместо модерен превоз со БРТ, проект поддржан од ЕБОР, за кој има обезбедено средства од 70 милиони евра, скопјани страдаат од неспособноста и инаетот на ДПМНЕ.

Ова денес е втора седница на која се дискутира дека ЈСП се на штрајк, и тоа втор пат во 15 месеци престанува да ја извршува својата функција. Проблемот е во локалната власт на ДМПНЕ, кои кога требаа да се гласа за субвенциите, никаде ги нема.

Уште на двете седници пред Нова Година, кога требаше да се усвои буџетот, а потоа да се изгласа, советниците на ДПМНЕ, заради политички хирови, ги прекинаа седниците.

Советничката група на СДСМ иако е опозиција ќе го поддржи барањето за доделување субвенции на ЈСП, да може вработените да добијат плати и автобусите да продолжат да сообраќаат.

Последни вести