fbpx

После 11 години игнорирање се спроведува заедничка акција на институциите за решавање на проблемот со загадениот воздух

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

После 11 години игнорирање се спроведува заедничка акција на институциите за решавање на проблемот со загадениот воздух.

Покрај системските мерки коишто се спроведуваат во Скопје, мерки за намалување на проблемот со загадениот воздух се преземаат и во другите градови.

АД ЕЛЕМ почна акција за пошумување на земјиштето околу РЕК Битола, каде на просторот помеѓу селата Новаци, Брод и Гнеотино ќе бидат засадени 50 илјади багремови дрва.

Целта е да создаде заштитен зелен појас за населените места, да се обезбеди што е можно повеќе услови за намалување на загадувањето и природни услови за прочистување на воздухот.

Дополнително, преземени се мерки за заштита на животната средина во делот на одлагањето, односно третирањето на пепелта со инсталацијата на систем за прскање на активното одлагалиште.

Следната година започнува да се заменуваат електростатските филтри кои не биле заменети од 1980 година. Со нивната замена обезбедуваме намалување на штетните емисиите, согласно Планот за чист воздух.

Преку Планот за чист воздух кој опфаќа низа на краткорочни, среднорочни и долгорочни мерки, интензивно се работи на намалување на загаденоста на воздухот во земјава која за две години се очекува да се намали за 50% во Скопје и 30-50% во другите градови.

Проблемот е сложен и долгогодишен и затоа неговото решавање е врвен приоритет на Владата предводена од СДСМ.

Скопје, 01.12.2018

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

Последни вести