fbpx

ВМРО-ДПМНЕ се посвети на криминал а можеше да го реши проблемот со Еурокомпозит- Мицкоски да го побара тоа како советник на Груевски

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Антинародното и лицемерно раководство на ВМРО-ДПМНЕ продолжува со својата матрица на лажни вести, измислици и манипулации.

Антизападното раковдство на ВМРО-ДПМНЕ е тоа што лаже суши. Не еточно дека нема струја во „Еурокомозит“ ниту пак дека се работи за 300 вработени лица, како што лаже ВМРО-ДПМНЕ.

Вистина е дека струја има и дека станува збор за 98, а не за 300 вработени, исто како што е вистина дека проблемот со „Еурокомпозит“ кој е наследен, а за кој побарувањата се наталожени во време на претходната власт, се решава системски, со цел комбинатот да застане на здрави основи со економска оправданост.

Во таа насока е измената на Законот за матријално безбедување на невработени лица е во собраниска процедура, со кој се решава прашањето на матријално обезбедување на лица на кои што ќе им престане работниот однос по основ на технолошки вишок и кои биле вработено во претпријатија со доминатна сопственост на државата.

ВМРО-ДПМНЕ можеше да го реши проблемот со „Еурокомпозит“ но наместо тоа се посвети на криминал, корупција и договорени тендери и провизии преку кои се богатеа криминалецот Груевски и неговите соработници.

Мицкоски како советник на истиот тој Никола Груевски можеше да побара решение на овој проблем но ете одлучил да молчи. Владата предводена од СДСМ ги решава сите наследени проблеми оставени од ВМРО-ДПМНЕ.

 

Скопје, 26.11.2018
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

Последни вести