fbpx

Петровска: ДПМНЕ нема план за евроинтеграцијата, нечесно е да кажуваат дека имаат, а не го објавуваат

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Доведени сме до оваа ситуација, со евроинтеграциите заради немањето храброст на ДПМНЕ да донесе, барем еднаш во историјата на своето постоење, државничка одлука за доброто на државата, истакна членката на ЦО на СДСМ Славјанка Петровска, во „Само интервју“ на Канал 5 телевизија.

Петровска нагласи дека ДПМНЕ сега треба да им каже на граѓаните дали после избори, ако тие ја добијат власта, ќе продолжи европската интеграција на нашата држава или не, и јасно да кажат кој им е планот Б.

Пред некое време кажуваа дека имаат план што нема да го кажат, ЕУ да го промени ставот. Велеа дека имаат план и начин. Нели пасошите ќе ги продолжеа? Се продолжија? Не. Зошто не ја убедија амбасадорката на Грција? Немаат план. Ниту имаат начин, рече Петровска, додавајќи дека позициите на ЕУ не се менуваат така лесно, преку ноќ и ДПМНЕ тоа добро го знаат.

Петровска нагласи дека нечесно е да кажуваат дека имаат план, а да не го објавуваат.

Очигледно планот им е како со пасошите, истака Петровска, додавајќи дека освен празни флоскули, ДПМНЕ храброст ниту имало, ни има, нивен единствен интерес е да дојдат на власт.

Во ЕУ нема меници како во ДПМНЕ. Таму се сериозни политички лидери кои даваат сериозни политички изјави нагласи Петровска, додавајќи дека ако на ДПМЕ им требаат изговори, тогаш се совршено дбори да наоѓаат изговори за нештото да не го направат и тоа впрочем го правеа 11 години додека без на власт.

Петровска посочи дека сериозноста на политичките партии се гледа по делата.

Градоначалниците на ДПМНЕ немаат што да понудат, статус кво, не ги исполниле ветувањата и тука се гледа нивната сериозност, рече Петровска, но и со блокадите во Собранието.

Блокиран е законот за вработени во одбраната, со над 1000 амандамни, кој е дел од реформските процеси во Министерството за одбрана, нагласи Петровска, додавајќи дека тоа може да предизвика застои на реформските процеси, како членка на НАТО, за што е информиран и генералниот секретар Столтенберг.

Петровска нагласи дека ДПМНЕ со 1000 амандмани го блокира законот кој предвидува менаџирање на процесите во министерството за обдраба, вработување на кадар од критична специјалност – информатичари, правилекување млади кадри, стипендирање, подобрување на статусот на вработените, кои ги граделе на системот на одбрана на оваа држава.

Во државата на маса имаме нерешени прашања, кои треба да ги решиме и тоа треба да го направиме час поскоро, најважно е да бидеме чесни и одговорни пред гласачкото тело, пред граѓаните на оваа држава и да кажеме кој е планот на секој еден од нас, и како политичари и како претставници на политички партии за оваа држава, порача членката на ЦО на СДСМ Славјанка Петровска, во „Само интервју“ на Канал 5 телевизија.

Последни вести