Соопштение за јавност
„Нема друга алтернатива за интеграцијата во ЕУ. Зборуваме, не само за интеграција сама по себе, туку и за градење економска перспектива, градење социјална правда и градење демократија“, порача претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски, на Панел-дискусијата што се реализираше вечерва во Скопје, во организација на германската фондација Фридрих Еберт, на тема „Прогресивни политики – одговор на предизвиците на земјите од Западен Балкан“.
„Земјите кои пристапија во ЕУ што се земјите коишто најбрзо се развиваа на континентот, но и во светски рамки“, оцени Ковачевски, посочувајќи на примерите на Бугарија, Унгарија, Полска, Хрватска.
„Исто така и ЕУ го научи на потешкиот начин дека проширувањето треба да се случи и овој тежок пат е по војната во Украина, бидејќи ако ЕУ не го исполни просторот со интеграција, тогаш некој друг ќе го исполни со инвазија“, констатираше претседателот на СДСМ, Ковачевски.
Претседателот на Социјалдемократската партија на Германија, Ларс Клингбел констатираше дека геополитички интерес на Европската Унија е интеграција на земјите од Западен Балкан во Унијата.
“Интересот на Германија и целата ЕУ е да ја прошири Европа и 6-те земји од Западен Балкан се многу важни во овој процес на проширување.
Тука зборуваме за безбедноста на Европа“ рече лидерот на СДП на Германија.
„Доколку сакаме да имаме силна ЕУ, потребен ни е процесот на проширување. Мораме да се фокусираме на силна економија, на нови работни места. Да се фокусираме како можеме да ја зајакнеме Европа“, додаде Клингбеил, кој оцени дека интерес на граѓаните не е популистичкиот пристап туку прогресивни политики. Во таа насока даде и директна оценка за сработеното за европерспективите и за стандардот на граѓаните од страна на претседателот на СДСМ, Ковачевски, од премиерката позиција.
„Димитар, гледам што ти тука правиш во Северна Македонија и ти честитам за работите што Владата ги направи и навистина тоа е вистински чекор напред, меѓутоа овде е и европскиот импулс. Работите се сменија, зборуваме за проширување и интеграција и мислам дека имаме простор и можност и да зборуваме како прогресивни лидери што можеме да направиме за 6-те земји од Западен Балкан да влезат во ЕУ и да управуваме со овој политички процес за да бидеме поуспешни“, порача лидерот на СДП на Германија, Ларс Клингбеил.
На Панел-дискусијата зборуваше и потпретседателка на Партијата на европски социјалисти (ПЕС), Радмила Шекеринска, која рече дека ПЕС секогаш била за проширување на Европската Унија, а женскиот глас и учество треба да бидат водечки во процесот.
„Ние како ПЕС сме најдобриот пријател на Западниот Балкан. Го поддржуваме проширувањето, но и нагласуваме дека, тоа треба да биде засновано на вредности, критериуми, да ги направи земјите поефикасни и ориентирани кон граѓаните. ПЕС продолжува да бара ефикасна политика за проширување започнувајќи со Западниот Балкан. Сметам дека заедно во рамките на регионот, како и во форматот на партијата на ПЕС, ќе можеме да ја движиме – не само агендата на проширување, туку и прогресивната политика. Регионот има што да понуди“, истакна Шекеринска.
Заеднички е ставот на прогресивните социјалдемократски лидери од регионот дека местото на Западен Балкан е во ЕУ.