Соопштение за јавност
Гласот за СДСМ е глас за европска иднина на државата и подбар живот за граѓаните, вели во интервју за Слободен печат претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски.
-Овие избори и претседателски и парламентарни се можност за окрупнување и здружување на сите прогресивни политички партии и победа на проевропскиот фронт. Победа којашто ќе значи продолжување на политиките за поголеми плати, пензии, враќање на парите кај граѓаните, економски напредок и победа која што ќе значи членство во ЕУ до 2030 година. Гласот за СДСМ е глас за европска иднина на државата и подобар живот за граѓаните, вели претседателот на СДСМ Ковачевски.
Кога работиме за членство во ЕУ ние работиме за подобрување на животниот стандард на сите наши граѓани, на европски стандарди за живот, додава Ковачевски.
-Нашите граѓани многу добро знаат дека натамошно блокирање или прекин на преговорите со ЕУ значи намалување на економскиот раст и платите, зголемување на инфлацијата, загрозување на стратешките интереси и нарушување на меѓуетничката кохезија. ВМРО-ДПМНЕ нема план, ниту политичка волја за продолжување на евроинтеграциите а тоа значи дека немаат план за иднината. Со нив нема економски раст, нема зголемување на платите. Тоа изборот пред граѓаните и затоа сум убеден во победа на европскиот фронт без разлика на формата, наведува претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски во интервјуто за Слободен печат.