Соопштение за јавност
Антинородното раководство на ВМРО-ДПМНЕ продолжува со лицемерен однос кон земјоделците, бидејќи токму оваа партија 11 години ги системски ги лажеше и потценуваше земјоделците и го погазуваше нивниот труд.
Наспроти таквиот однос кон земјоделците од страна на ВМРО-ДПМНЕ, владата предводена од СДСМ и надлежното министерство градат партнерски однос со земјоделците и спроведуваат мерки што обезбедуваат развој на земјоделството.
Оваа година, и покрај блокадите во Собранието од страна на антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ, донесена е мерката ,,зелена нафта” и веќе од следната година земјоделците ќе имаат можност за кофинансирање на нафта за механизација, со што ќе се намалат производствените трошоци.
Истовремено, зголемени се субвенциите кои денес се исплаќаат навремено, целосно и неселективно, што не беше случај со криминалното владеење на ВМРО-ДПМНЕ.
Обезбедени се и повеќе средства и поголема искористеност на ИПАРД за рурален развој, а зголемени се и средствата за поддршка на младите земјоделци преку мерката ,,Млад земјоделец”.
Владата предводена од СДСМ и Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство продолжуваат да го унапредуваат земјоделството и да ги подобруваат условите за работа на земјоделците.
Буџетот во делот на земјоделството постојано расте и се нудат нови мерки и политики коишто обезбедуваат модерно и развиено земјоделство, кое останува една од клучните стопански гранки во Македонија.
Скопје, 15.11.2018
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА