Соопштение за јавност
Антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски секојдневно потврдуваат дека се на браникот на одбраната на криминалниот Никола Груевски.
Не само што по секоја цена го бранат криминалот на осудениот Груевски, туку Мицкоски и антинародното раководство на ВМРО-ДПМНЕ преку јавни притисоци се обидуваат да ги спречат институциите да ја вршат својата работа.
Како што е јавно познато, автомобилите за коишто денеска врвот на ВМРО-ДПМНЕ лажно обвинува, поминале оттаму бидејќи во хотелот во близина на штабот на ВМРО-ДПМНЕ бил сместен генерал на НАТО Алијансата.
Легитимирањето поединци и проверката на автомобили е рутинско дејствување на припадниците на полицијата.
Никој, па ниту членовите на антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ не се над законите и правдата. Секој граѓанин без разлика на партијата што и припаѓа, има обврска да се легитимира ако тоа му биде побарано од овластено службено лице.
Едно да им биде јасно на пионот Мицкоски и антизападното раководство на ВМРО ДПМНЕ: правда ќе има, Груевски ќе понесе одговорност, мора да ја одлежи казната што му ја одреди судот.
Скопје, 13.11.2018
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА