fbpx

Вистинска грижа за војниците, се зголемуваат платите, се унапредуваат условите за работа на припадниците на АРМ

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Владата предводена од СДСМ и Министерството за одбрана продолжуваат со спроведување на мерки за подобрување на условите за работа и живот на војниците, на Армијата на Република Македонија.

Како што соопшти Министерството за одбрана, се обезбедуваат 7.200 пара чизми за сите припадници на АРМ.

По зголемување на буџетот за одбрана за 15 отсто, платите на вработените во одбраната се зголемени за 10 отсто, а обезбедни се средства за целосно почитување на колективните договори и целосна исплата на 24 часовните дежурства.

Членството во НАТО не претставува само политичка цел, туку тоа е реална шанса за квалитетни услови за работа на припадниците на АРМ и подобар живот на сите граѓани.

Владата предводена од СДСМ продолжува со грижа за припадниците на АРМ и останува посветена на процесите што ја водат Македонија во ЕУ и НАТО, онаму каде вредносно и цивилизациски припаѓа

 

Скопје, 09.10.2018

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

 

 

Последни вести