fbpx

Врвот на ВМРО-ДПМНЕ да се помири со тоа дека нивната идеја за изолација и одбрана на криминал е поразена, граѓаните се за ЕУ и НАТО

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Раководството на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски треба да се помират со тоа дека нивната идеја за изолација, уназадување и одбрана на криминал е поразена од граѓаните.

Над 600 илијади граѓани јасно и недвосмислено се изјаснија дека се за членство во ЕУ и НАТО, за напредок и светла иднина.
Владата предводена од СДСМ и Министерството за здравство спроведуваат реформи што го унапредуваат здравствениот систем, што ВМРО-ДПМНЕ со години го уништуваше.

Како еден од првите чекори во обезбедувањето на квалитетни и достојни услови за работа на лекарите е зголемувањето од 5 отсто на платите на здравствените работници. Над 19.000 здравствени работници земаат повисока плата, а се воведе и зголемување на надоместокот за прекувремена работа, дежурства и ноќен труд.
Истовремено, се инвестира во осовременување на медицинската опрема, а донесен е и реален и одржлив план за изградба на нов Клинички центар.

Христијан Мицкоски и раководството на ВМРО-ДПМНЕ треба да излезат од поразената матрица на лажни вести и измислици и јасно пред граѓаните да покажат дека се за влез во ЕУ и НАТО со тоа што ќе ги повикаат пратениците да го направат последниот чекор во Собранието за европската иднина.

Скопје, 06.10.2018

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

 

Последни вести