Соопштение за јавност
Раководството на ВМРО ДПМНЕ предводено Христијан Мицкоски, бадијала измислува непостоечки случаи. Со нив, не може да го покријат криминалот на Никола Груевски ниту пак да му обезбедат аместија.
Раководството на ВМРО ДПМНЕ да не се крие зад празни, бесмислени прес конференции туку јасно да каже дали е за ЕУ и НАТО или е против.
Бројните судски постапки покажуваат како криминалната матрица на Никола Груевски 11 години системски ги ограбувше и осиромашуваше граѓаните, додека иднината на Македонија ја држеше во заложништво, изолирана.
Без напуштање на оваа матрица и јасен повик до пратениците на ВМРО-ДПМНЕ за финализирање на чекорот кој води до членство во ЕУ и НАТО во Собранието Мицкоски останува на страната на Груевски, на страната против членството во НАТО и ЕУ, на страната на изолацијата.
Колку и да измислува ВМРО-ДПМНЕ не може да ги прикрие фактите дека стапката на криминал се намалува за разлика од времето на нивното криминално владеење. Полицијата работи ефикасно, професионално и во служба на граѓаните, а доказ за тоа се и последните големи полициски акции за сузбивање на криминалот.
Скопје, 06.10.2018
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА