Соопштение за јавност
ДПМНЕ нема план за Европа, нема план за иднината и не може да донесе никаква суштинска промна а пример за тоа е хаосот во Скопје и нереализираните ветувања на градоначлниците од оваа партија ширум државата, рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски вечерва во Охрид на отворањето на промотивниот штаб на партијата.
Ние во СДСМ сме целосно свесни дека можеше и може многу работи да бидат подобри рече Ковачевски додејавќи дека мора да изградиме целосно функционален систем во државата кој ќе биде во служба и во корист на граѓаните и на стопанството.
-Ние во СДСМ имаме јасна визија за иднината на државата како европска. Секој што ветува нешто друго треба да излезе и да каже што е тоа? Која е алтернативна визија за Македонија? Како ќе ја реализираат? Немаат, затоа и не ја кажуваат. ДПМНЕ нема план за Европа, нема план за иднината, дециден беше Ковачевски.
Тој рече дека нема да зборува за опозицијата, „за нивниот слаб потенцијал и капацитет“ наведувајќи дека тоа граѓаните го знаат многу добро затоа што го гледаат секој ден.
-Тоа се истите оние кои ветуваа промени на локалните избори а не направија ништо, не променија ништо. Доволно е да види хаосот во Скопје, нереализираните ветувања во Охрид, ширум Македонија. ДПМНЕ не може да донесе никаква суштинска промена, рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски вечерва во Охрид.