fbpx

Ковачевски: 650 евра плата не е доволно, во новиот мандат обезбедуваме 1.000 евра просечна плата

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Денеска просечната плата изнесува 650 евра или речиси 300 евра повеќе од 2017 година, некој ќе рече не се доволни и јас се согласувам, знам дека не е доволно и затоа во новиот мандат обезбедуваме 1.000 евра просечна плата и 600 евра минимална плата, рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски вечерва во Охрид.

-Некој ќе рече ниту 650 евра не се доволно. И јас се согласувам со тоа. Да, така е!
И јас сум дел од нашите граѓани, и јас знам луѓето со какви предизвици се соочуваат во секојдневието. Знам дека не е доволно. Затоа, во нашата предизборна програма се обврзуваме да ги зголемиме платите и пензиите, 1.000 евра просечна и 600 евра минимална плата. Ова се сериозни и издржани проекции на нашиот економски тим и тоа ќе се случи. Исто како што се случи и ветувањето дека до 2024 година просечната плата ќе биде најмалку 500 евра, а достигна 650 евра. Исто како што просечната пензија ја зголемивме за 6.400 денари, а минималната пензија за 50%. Така пензиите ќе продолжат да растат со СДСМ, рече Ковачевски.

Ние не ги оставивме граѓаните и компаниите сами да се справуваат со кризата и не спрведувавме активна блокада туку го заштитивме стандардот на луѓето, додаде тој.

-За три години преку антикризни мерки обезбедивме помош од 2,6 милијарди евра за граѓаните и компаниите. СДСМ покажа дека со правилни политики се исполнуваат стратешките цели, и дека нема недостижна цел! Горди сме на сето тоа исто како што сме горди што го заштитивме македонскиот јазик и идентитет во Европа. Интеграцијата во ЕУ е единствениот пат на македонската идинина. Колевката на македонската писменост, јазик, македонскиот идентитет Охрид го знае во суштина значењето на државничките политики на СДСМ, потенцираше претседателот Ковачевски вечерва во Охрид.

Последни вести