Соопштение за јавност
Јас сум оптимист во однос на резултатот на изборите бидејќи имаме многу јасна програма со која ќе се претставиме пред граѓаните. Ние нема да даваме лажни ветувања, нашата програма е веќе готова. Ќе бидат адресирани оние најважни прашања како зголемување на платите, на пензиите – истакна претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски во денешното интервју во утринската програма на Слободен печат.
—Точно е дека ги зголемивме платите. Минималната плата ја зголемивме од 8.000 денари на 23 000 денари. Просечната плата на 650 евра што е дупло повеќе од она што беше претходно до 2016 година. Но, јас сум свесен дека постојат граѓани во нашата држава и јас сум граѓанин како и сите други. И јас имам дома родители кои се пензионери, знам дека луѓето поминуваат низ еден тежок период, знам дека има родители кои што понекогаш легнуваат и гладни навечер, за да можат да обезбедат финансиски средстсва за своите деца кои им се потребни во текот на денот. Знам дека има пензионери кои врзуваат едвај крај со крај. – посочи Ковачевски.
Затоа програмата на СДСМ содржи многу јасни претпоставки во однос на понатамошни зголемување на платите, на поддршката за инвестиции, отворање на нови подобро платени работни места, зголемување на пензиите и секако продолжување на евроинтегративниот процес.
—Знаете дека беше критикувано нашето ветување за просечна палта од 500 евра до 2024 година, докажавме дека тоа може и да се надмине. Во времето кога јас работев заедно со мојот тим на воведување на методологијата на раст на минималната плата и зголемување на минималната плата дента кога дојдов практично за претседател на владата економистите на ВМРО-ДПМНЕ беа против, тие сметаа дека ќе пропаднела економијата, дека тоа ќе влијае негативно на бројот на работни места, ќе влијае негативно на просечната плата и тн, се покажа дека не биле во право ,се покажа дека јас и мојот тим сме во право бидејќи во исто време имавме и зголемување на минималната плата, имавме и зголемување на просечната плата и намалување на невработеноста, потенцираше Ковачевски.
—Програмата на СДСМ предвидува зголемување на минималната плата на ниво од 600 евра, на просечната плата над 1000 евра. Предвидува и понатамошно намалување на невработеноста, а поокажавме дека невработеноста може да се намали од 25% на 12,8%. Предвидуваме 50% зголемена финансиска помош за поддршка на инвестиции на компаниите, таа помош планираме да ја зголемиме на 150 милиони за домашните компании до 2028 година, вели претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски во интервју за Слободен печат.
линк до видео:
https://www.facebook.com/Dimitar.Kovachevski/videos/728169446092601