Соопштение за јавност
ДПМНЕ наместо програма, на граѓаните им нуди нови празни ветувања.
Тоа е партијата што едно ветува, а друго прави.
Скопје е најголем пример за тоа што се случува кога ДПМНЕ добива власт.
Ветуваа модерно Скопје, а создадоа хаотичен, запуштен, нечист град, со јавни претпријатија заглавени во долгови.
Ветуваа бесплатен превоз, а го оставија градот без јавен превоз. Ги нема ветените 250 нови автобуси, наместо мега паркови, на сите страни никнуваат депонии.
Така ДПМНЕ функционира, едно зборува пред избори, а кога ќе добие власт, заборава на граѓаните и се грижи само за своите интереси.