Соопштение за јавност
Платформа од минатиот век се новите лажни ветувања на ДПМНЕ по примерот на Скопје.
Откако ги изневерија граѓаните на Скопје, но и на 40 општини низ државата, ДПМНЕ сега излезе со нови лажни ветувања.
Ништо од ветеното во Скопје не е реазлизирано.
Ги нема новите 250 автобуси, нема бесплатен јавен превоз, нема нови паркови.
Скопје денеска е запустен град, полн со нечистотија, со хаос во јавниот превоз, со јавни претпријатија во долгови.
Граѓаните се изневерени, изборните ветувања неостварени.
А, промовираната Платформа 1198 од минатиот век на ДПМНЕ е токму тоа, нови лажни ветувања.
Се потврди дека ДПМНЕ нема план за иднината и дека оваа партија не може да донесе никаква промена.
Со ДПМНЕ е можно само враќање назад, во изолација и безнадежност.