fbpx

Зајкова: Бесплатен оброк за сите учениците, бесплатна ексурзија, 6.000 денари за секое прваче и 9.000 денари за секој средношколец

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

По примерот на студентскиот оброк, кој го користат околу 29.000 студенти, воведуваме бесплатен оброк и за учениците во основните и средните училишта. Воведуваме бесплатен јавен превоз за сите млади лица од прво одделение до дипломирањето, рече Моника Зајкова, претседателка на ЛДП и коносител на првата изборната едица.

-За подобрување на стандардот на учениците обезбедуваме ваучер насловен како Среќен почеток во износ од 6.000 денари за секое прваче и 9.000 денари за секој нов средношколец. Во секоја учебна година сите ученици од сите општини ќе добијат училишен бонус во месец август или 3.000 денари за материјали и учебни помагала, рече Зајкова.

Во новата програма воведена е и бесплатна едукативна екскурзија во петто одделение со цел подобро запознавање на Македонија. Бесплатна екскурзија во деветто одделение, Запознај го регионот, со посети во сите соседни држави во регионот и градење на добрососедство.

-Не ги забораваме и матурантите за кои оведуваме бесплатна едукативна екскурзија во европските држави односно Запознај ја Европската Унија. За нас приоритет се сигурни и безбедни училишта и ученици. Трошоците за секој ученик ќе ги сноси државата, потенцираше Зајкова.

Најсилно ќе работиме да го сочуваме менталното здравје кај младите. Затоа ќе превенираме и ќе го санкционираме врсничкото насилство (булингот) во македонските училишта. Ги укинуваме студентските такси.

Здрава младина, млади генерации со свој став, гласни и одлучни за своите права. Затоа предвидуваме отворање на младински центри во секоја општина.

-Зелената агенда останува врвен приоритет, бидејќи тоа е еден од предусловите за квалитетен живот во Македонија.

Свесни сме дека мора повеќе и подобро во обезбедувањето на чист воздух и чиста вода за пиење. Овозможуваме воспоставување на функционален систем за регионално управување со отпад и изградба на регионални депонии, а во исто време да се затворат сите нестандардни депонии и отпад. Откажување од зелената агенда нема и затоа оваа Влада беше посветена на енергетска трансформација, потенцираше Зајкова.

Последни вести