Соопштение за јавност
Денес ќе ги чуете ветувањата на СДСМ и на Коалицијата за европска иднина. Во наредните денови ќе слушате и многу други ветувања. Повеќе од јасно е дека нема да сте сигурни кој може да го исполни своето ветување, и дали овие ветувања се реални или не. Треба едно нешто да запомните: без целосен, посветен, силен и континуиран фокус на европскиот пат и членството во ЕУ, ниту една програма не може целосно да се исполни – рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски на денешната промоција на новата „Програма за европска иднина“ и кандидатите за пратеници на СДСМ и Коалицијата за европска иднина.
Парите и инвестициите нема да паднат од небо. Инвеститорите ќе дојдат ако гледаат европска иднина во Македонија. Ќе дојдат ако Македонија е целосно посветена на европскиот пат и ако работи да се оствари целта. И ако работи да се оствари сега и веднаш, а не со одложување од нови 11 години. Затоа кога ќе ги споредувате програмите, треба да ги гледате низ призмата на тоа кој може најбрзо да ја приближи Македонија до ЕУ. Тоа ќе биде најкрупната работа што ќе одреди дали некое ветување или сите ветувања може да бидат исполнети или не. – рече Ковачевски
За нашите ветувања, можам со сигурност да кажам дека се амбциозни, но се реални и остварливи, затоа што ние сме посветени на европскиот пат, ние знаеме дека немаме друга алтернатива. Знаеме дека со напорна рабпта, нема недостижна цел. Ние нема да се откажеме од подобра, европска иднина за земјата. Нема откажување од иднината! – рече Ковачевски на денешната промоција на новата „Програма за европска иднина“ и кандидатите за пратеници на СДСМ и Коалицијата за европска иднина.