fbpx

Имаме силна поддршка од светот, заедно да донесеме вистинска одлука на референдумот ЗА европска Македонија

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Министерот за здравство, Венко Филипче, денеска беше во посета на општина Новаци.

Зборувајќи на граѓанската трибина во Новаци, Филипче ги потенцираше придобивките за граѓаните од членството на Македонија во ЕУ и НАТО.

Акцентирајќи ја поддршката што доаѓа од демократскиот, западен свет за Македонија, ги повика граѓаните да ја искористат оваа историска шанса и на референдумот да излезат масовно, да ја обезбедат македонската иднина.

-Светот ја поддржува Македонија! Европската Унија ја препозна добрата политика, вратите ни се отворени. Поддршката е директна, од светските лидери. Оваа недела, во директна поддршка на развојот на Македонија доаѓаат генералниот секретар на НАТО, Столтенберг, канцеларот на Австрија, Курц и канцеларката на Германија, Меркел. Светските лидери ни порачуваат дека се вративме на вистинскиот пат. Сега имаме шанса, ве повикувам заедно да ја обезбедиме иднината, да излеземе на референдумот ЗА европска Македонија.

Членството во НАТО и ЕУ ни гарантира просперитет, економски развој и подобар живот за нашите деца и нашите граѓани, додаде тој.

Дополнително, членството во НАТО и ЕУ ќе донесе нови и големи директни странски инвестиции во економијата, во Македонија. А инвестициите ќе отворат нови работни места. Македонија станува конкурентна, се зголемува растот на платите, ќе се зголемуваат бруто-домашниот производ и извозот. Ќе се градат нови и современи болници. Границите и стабилноста на земјата се зајакнуваат. Придобивките се големи во сите сфери, додаде тој.

Филипче истакна дека одлиуката ЗА на престојниот референдум, одлуката за членство во ЕУ и НАТО со зачуван идентитет е поклон на идните генерации.

-Почитувани граѓани, ајде заедно да им подаруваме сигурна и стабилна иднина на следните генерации! – повика Филипче.

 

Последни вести