fbpx

Светот ја подржува Македонија , да ја прифатиме подадената рака и обезбедиме светла иднина на нашите деца!

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

-Не смееме ниту во еден момент да ја пропуштиме овааа историска шанса , не смееме да дозволиме да не бидеме дел од овие историски процеси. Како граѓани на Република Македонија, без разлика на која партија и на која нација припаѓаме, без разлика во што веруваме, да не пропуштиме прилика да бидеме генерација која што ќе ја воведе Македонија во НАТО и Европската унија – порача министерот  за внатрешни работи и потпретседател на СДСМ Оливер Спасовски на средба со граѓаните на општина Бутел .

Министерот Спасовски посочи дека токму доаѓањето на европските  лидери во посета на земјава е уште една потврда и  признание за нашата посветена работа, дека Македонија постигна напредоци во реформите и покажа дека сака да оди напред, а светот ги отвора вратите за Македонија. Затоа треба да ја прифатиме подадената рака и обезбедиме светла иднина на нашите поколенија.

-Членството во НАТО значи безбедност и стабилност, гарантиран територијален интегритет, гарантирани граници, мир и благосостојба за граѓаните . Безбедноста и стабилноста на една држава како што е Македонија не допринесува само за безбедноста на нашите граѓани туку носи   безбедност и во регионот. И токму дополнително ја имаме таа одговорност да направиме се и да бидеме дел од тој голем колективен систем на безбедност-рече Спасовски.

Членството во НАТО  значи и економија, затоа што тоа ги охрабрува странските инвеститори, но и домашните компании да вложуваат во земја со стабилна економија.

Примерите за просперитет на земјите кои станаа членки во овие два сојуза ги имаме и во регионот. Добиваме раст на животниот стандард, раст на вработеноста, платите, инвестициите, повеќе пари од фондовите на ЕУ за инфраструктура, образование , здравство и во земјоделието- истакна Спасовски.

Министерот Спасовски уште еднаш ги повика сите граѓани , да излезат на референдумот 30 Септември и да го дадат својот глас за Европска Македонија !

 

Последни вести