fbpx

Слабите митинзи на ДПМНЕ се потврда, Силјановска нема поддршка-граѓаните се за членство во ЕУ

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Кандидатката на ДПМНЕ, Гордана Силјановска ја нема поддршката од граѓаните, што се потврдува со слабите митинзи на ДПМНЕ во Скопје и Струга, на кои ниту членовите на опозицијата на доаѓаат во поголем број.

Ова беше јасно и очекувано уште кога ДПМНЕ не успеа да собере доволно валидни потписи за кандидатурата на Силјановска.

Граѓаните знаат дека ниту ДПМНЕ, ниту Силјановска не можат да донесат промени на подобро.

На граѓаните не им треба претседател кој ќе биде продолжена рака на Белата палата, партиски послушник, на граѓаните не им треба уште една катастрофа како во Скопје.

Граѓаните не сакаат изолација, туку членство во ЕУ.

Затоа, граѓаните на изборите ќе изберат европска иднина со СДСМ и Стево Пендаровски.

Последни вести