fbpx

Мицкоски е лицемерен, го уценуваше изборот на ДИК со Законот за финансирање на партиите а денеска глуми загриженост

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Пред да се расфрла со лицемерни ставови, Христијан Мицкоски пред јавноста треба да го соопшти неговиот и ставот на неговата партија за референдумот и најважното прашање во историјата на независна Македонија.
Колку е лицемерен Мицкоски и изгубен во политичкиот простор покажуваат фактите.

ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски го условуваа формирањето на Државната изборна комисија со барањето да се донесе закон за финансирање на партиите со пари од Буџетот.
ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски го доведоа во прашање распишувањето на референдумот со кочењето на изборот на ДИК.
ВМРО-ДПМНЕ со години трошеше десетици милиони евра пари на граѓаните за рекламни кампањи, пропаганда и манипулација на јавноста. Денес кога треба да се покаже одговорност пред иднината и пред граѓаните, Мицкоски се однесува лицемерно и неодговорно.

Мицкоски да не се грижи, Владата предводена од СДСМ работи одговорно и во интерес на граѓаните и има обезбедено средства за реконтрукција и изградба на нови училишта, меѓу кои е и гимназијата Кирил Пејчиновиќ во Тетово.
За разлика од ВМРО-ДПМНЕ којашто со години го урнисуваше образованието, Владата предводена од СДСМ инвестира во квалитетен образовен систем. Во моменов се врши реконтрукција на 13 основни училишта низ цела Македонија. Дополнително во градот Скопје и во другите општини се обновуваат и средните училишта, кои беа заборавени во изминатите 11 години.

Наместо лицемерие и лаги во кои веќе не веруваат ниту во неговата партија, Мицкоски треба да покаже минимум одговорност за историскиот момент и пред граѓаните да одгвори дали е за напредок и интеграција на Македонија или е за враќање во минатото на изолација, уназадување и неизвесност?
Огромното мнозинство на граѓани е определено за напредок, за интеграција и македонска иднина со заштитен и зајакнат македонски идентитет.

Скопје, 25.08.2018

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

Последни вести