fbpx

Ковачевски: Единствено влезот во ЕУ е гаранција за европски животен стандард и врвни реформи

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Работевме во услови на најголема економска и енергетска криза. И како вистински социјалдемократи никого не оставивме сaм. Силно ги поддржавме граѓаните и компаниите во време на повеќе кризи со 2,6 милијарди евра. Ги зголемивме платите и пензиите. Помогнавме на ранливите категории на граѓани, помогнавме на земјоделците, помогнавме на наставниците. Ги зголемивме платите во здравството, високото образование никогаш немало поголеми плати. Нема сегмент во општеството каде бројките и фактите не се наша страна во однос на нашите политички конкуренти – рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски на граѓанскиот собир во Аеродром на кандидатот за претседател Стево Пендаровски.

Но јас знам дека е тешко, дека граѓаните се уште се борат со високите цени, дека се борат со тешкото секојдневие. И никој подобро од мене не знае, јас ја предводев Владата 2 години и ако некој презема одговорност за тоа, тогаш тоа сум јас. Затоа во новата програма, знаејќи дека може да биде подобро, во новиот мандат гарантираме дека просечната плата ќе достигне до 1.100 евра а минималната плата до 600 евра. Просечната пензија ќе биде 30.000 денари а минималната пензија ќе биде 20.000 денари. Ние веќе покажавме дека кога ќе ветиме зголемување на платите и на пензиите, тоа и го правиме – рече Ковачевски

Но врвни реформи во нашата држава и врвен развој може да се постигне единствено влезот во ЕУ, која е гаранција за европски животен стандард. Јас ви ветувам дека заедно со мојот тим ќе работам ден и ноќ да ги исполнам ветувањата на мнозинството граѓани на Македонија, да живеат во европска Македонија, земја членка на ЕУ а не децата да им одат во туѓина за да живеат во туѓи држави, членки на ЕУ. Ден и ноќ за подобро образование, подобро здравство, подобро владеење на правото, за сузбивање на корупција, односно држава по европски стандарди како што ја сакаат и како што ја заслужуваат граѓаните – истакна претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски на граѓанскиот собир во Аеродром на кандидатот за претседател Стево Пендаровски.

Последни вести