Соопштение за јавност
Спроведувајќи криминални проекти и остарувајќи ги желбите на Никола Груевски, ВМРО-ДПМНЕ и Коце Трајановски 11 години го уназадија Скопје,го направија еден од најзагадените градови во Европа, а зад себе оставија град без стратегија за развој.
Безидејноста, расипничкото трошење на парите на граѓаните на барок и стиропор и нефункционалните и скапи проекти беа одлика на владеењето на Трајановски и ВМРО-ДПМНЕ.
Тоа време заврши. Новата градска администрација предводена од градоначалникот Петре Шилегов и СДСМ работи посветено на развој на целосно нов концепт на функционирање на Град Скопје, како отворен и функционален град којшто работи за граѓаните.
Во таа насока, досега беа реализирани десетици мерки и проекти во интерес на граѓаните и градот.
За да се врати уништеното зеленило во последните шест месеци засадени се 4.000 дрва а оваа есен се планира да се засадат уште нови 8.000 висококвалитетни садници.
За зазеленување на градот реконструирани и подигнати се повеќе јавни зелени површини на околу 40.000 квадратни метри. Во тек е обновата на нови 10.200 квадрати зелени површини на повеќе локации.
„Дрисла“ повеќе нема да го загадува воздухот. Обезбеден е и ставен во функција е новиот филтер за апсорбирање на ПМ10 честичките, јаглерод моноксид и другите честици што се ослободуваат при согорувањето.
Започната е постапка за набавка на над 30 нови автобуси на еколошко гориво, вредни над 10 милиони евра, со кои ќе се заменат старите дотраени дизел возила на ЈСП кои загадуваат.
Градот Скопје работи на проектот за изградба на нов коридор со мост преку реката Вардар, што ќе го поврзе булевар АСНОМ кај хотелот „Русија“, преку Вардар, низ населбата Ќерамидница, се до раскрсницата кај скопското сајмиште.
Изградбата на коректорскиот систем за одведување на отпадните води во реката Вардар е во тек.
Во средните училишта во Град Скопје ова лето се врши реконструкција и санација на објектите, дел од нив добиваат нови енергетски ефикасни фасади, а во дел се врши реконструкција на внатрешноста а ќе се замени и столаријата.
ВМРО-ДПМНЕ може неосновано и лажно да обвинува колку што сака, но тоа нема да го промени фактот дека Град Скопје полека но сигурно се гради како отворен град што работи во функција на неговите граѓани.
Скопје, 23.08.2018
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА