fbpx

Време е Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ да се изјаснат за референдумот, несериозно е да се нема став на најважните прашања за граѓаните

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

 

Несериозно е да се нема став за најважните прашања за иднината на државата и граѓаните.

Цела деценија, во секој јавен настап и во секоја програма ВМРО-ДПМНЕ зборуваше за референдум и право на граѓаните да го имаат последниот збор, да одлучат за патот по кој ќе се движи државата.

Сега референдумот е пред нас, кога е обезбедено членствово во НАТО и ЕУ со признаен македонски идентитет, Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ немаат јасен став.

Време е Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ конечно да кажат за што се и да се изјаснат за референдумот. Ако е за иднина на Македонија во НАТО и ЕУ треба да ги повика членовите на ВМРО-ДПМНЕ да излезат на референдум и да изберат иднина.
Во спротивно, Мицкоски ќе покаже дека лаже и дека всушност е за одбрана на криминалот на неговиот претходник, за изолација, назадување и неизвесност.

Граѓаните нема да дозволат некој да ја закочи македонската иднина.

На 30 септември, слободно и достоинствено, на референдум, граѓаните ќе дадат поддршка за светла иднинаприфаќање на Договорот со Грција, за влез на Македонија во ЕУ и НАТО со зачуван и признаен македонски идентитет од целиот свет.

Граѓаните се јасно определни, сакаат светла иднина наместо темна небиднина.

ДА за македонската иднина

 

Скопје, 15.08.2018

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

 

 

Последни вести