fbpx

ВМРО-ДПМНЕ шири лажни вести за да го покрие деструктивното однесување за клучните прашања за иднината,во здравството се работи одговорно

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Лажните вести коишто ВМРО-ДПМНЕ ги пласира секојдневно во јавноста немаат никаква врска со реалнота и се обид оваа партија да го покрие своето деструктивно однесување кон државата за клучните стратешки прашања.

Криминалното владеење на ВМРО-ДПМНЕ кое што допринесе да се распространи корупцијата до невидени размери е минато. Македонија сега се движи во правец на одговороност, отчетност и почитување на законите и процедурите.

Здравството 11 години беше на колена поради погубните и криминални политики токму на ВМРО-ДПМНЕ, партијата којашто 11 години ги погазуваше правата на пациентите и го потценуваше трудот на лекарите.

Владата предводена од СДСМ започна процес на рехабилитација на здравствениот систем преку кој се унапредува здравствената заштита, правата на пациентите и статусот на медицинскиот персонал.

Фактите говорат дека Министерот за здравство нема ниту мандат ниту каква било поврзаност со овие јавни набавки за јавните установи, односно постапките се во целост децентрализирани.

Јавни набавки на лекови и медицински средства за потребите на јавните здравствени установи се спроведуваат согласно потребата на секоја установа одделно.

Согласно со Законот за спречување на судир на интереси, како што соопшти Министерството за здравство, преземени се сите чекори.

Управниот одбор на клиниката за хематологија со одлука и ги има одземено сите надлежности, и директорката не може да влијае во процесот на јавните набавки.Дополнително, претседателот на Управниот одбор на ЈЗУ У Клиника за хематологија е овластен како потписник во овој процес на јавни набавки, од страна на управниот одбор на Клиниката.

ВМРО-ДПМНЕ може да учи како се работи транспарентно, одговорно и како се слуша гласот на граѓаните.

 

Скопје, 12.08.2018

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

 

 

Последни вести