fbpx

Членството во ЕУ и НАТО носи сигурност и повеќе пари, граѓаните ќе кажат историско ДА за македонската иднина!

Facebook
Twitter
LinkedIn

 

Соопштение за јавност

Се остварува дадениот збор дека Владата предводена од СДСМ ќе ја врати Македонија на патот на кој вистински припаѓа, на патот кон ЕУ и НАТО.

Вратите на ЕУ и НАТО се отворени, патот е чист и нема враќање од него. Обезбедена е покана за членство во НАТО и почеток на преговори за членство во ЕУ.
Македонија се гради како модерна, демократска и европска држава идна полноправна членка на ЕУ и НАТО.

Членството во НАТО значи загарантирана стабилност и безбедност. Но значи и можност за многу повеќе инвестиции. Тоа значи повеќе пари во економијата, новиподоброплатени места и повисок животен стандард за сите граѓани.
Членството на Македонија во ЕУ пак, гарантира силни институции, правна држава, зголемена мобилност и еднакви шанси за сите.
Членството во ЕУ е пристап до пазар од 500 милиони жители, пристап до европско образование, европско здравство за сите граѓани на Република Македонија.

Она што е најважно, со влезот на Македонија во ЕУ И НАТО македонскиот идентитет е загарантиран. Македонски народ, македонски јазик, Македонец , Македонка се заштитетени и зајакнати еднаш засекогаш и никој никогаш нема да може да ги оспорува или негира.
Заради иднината на нашата држава и заради иднината на следните генерации граѓаните ќе ја искористат историската шанса и силно и слободно да кажат – Да за Европска Македонија!
Граѓаните ќе кажат историско ДА за влез во ЕУ и НАТО преку прифаќање на Договорот со Грција.

Скопје, 04.08.2018

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

 

Последни вести