fbpx

Законот за финансирање на политичките партии е донесен со консензус, со него се намалува зависноста на партиите од донации

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Законот за финансирање на политичките партии е донесен со консензус на сите партии. Конкретното законско решение е во насока на намалување на зависноста на партиите од донации.

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги присуствуваше на сите работни состаноци со ОБСЕ на кои се разговараше за измените и не беше забележано никакво противење на АВМУ по однос на измените.

Постигнатото решение е во насока на препораките содржани во блупринт документот изработен од невладините организации кадешто се предлага целосно финансирање на партиите од Буџетот на Република Македонија.

Во однос на медиумското претставување, независните кандидати имаат шанса да бидат претставени како што тоа се правеше досега, но сепак како партија, подготвени сме да разгледаме алтернативни решенија и да предложиме амандмани на Законот.

Со оглед на фактот дека лажните вести и говорот на омраза се најзастапени на електронските портали, а досега АВМУ не превзеде ништо во однос на тоа, во Законот се предлага порталите коишто сакаат да објавуваат платена политичка програма, претходно треба да се пријават во ДИК и да пријават ценовник којшто ќе биде еднаков за сите политички партии.

 

Скопје, 26.07.2018

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

 

Последни вести