fbpx

Економските успеси на Македонија и инвестициите не може да се негираат, ДУРА е странска инвестиција овозможена во рекордно време

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

ВМРО-ДПМНЕ нема храброст да го прифати успехот на Македонија. Економските успеси на Владата предводена од СДСМ се успеси на сите граѓани, на целокупната македонска економија.

Денешното отпочнување на градењето фабрика на американската компанија ДУРА е дел од успешните економски политики на владата предводена од СДСМ. Изградбата е овозможена во рекордно време откако првиот контакт беше остварен во февруари а градбата почнува по само пет месеци, односно во јули, оваа година.

ВМРО-ДПМНЕ може да учи како со правилни политики и еднакви критериуми се привлекуваат нови странски инвестиции. Доказ за тоа е рекордниот износ на странски инвестиции од 235 милиони евра во првиот квартал од 2018 година што е повеќе отколку странските инвестиции за цела 2017 година.

ВМРО-ДПМНЕ имаше 11 години да обезбеди услови за влез на сериозни странски инвестиции, но криминалот, тендерите, скапите реклами и роуд шоуа беа единствениот интерес на опозициската партија.

Скопје, 16.07.2018

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

 

Последни вести