fbpx

Нема откажување од модерна европска инфраструктура

Facebook
Twitter
LinkedIn

Изјава за медиуми, Бисера Костадиновска-Стојчевска, коносителка на ИЕ5

До 2028 нови 194 километри безбедни и модерни автопати и реконструкција на 950 киломерти патишта низ целата држава.

Ги впишавме македонските патишта во мапата на главните европски коридори. Го реконструиравме планинскиот превој Плетвар и започнавме со изградба на првиот автопат во Пелагонискиот регион, Прилеп-Битола, во должина од 39,3 километри.

Со поддршка на Европската банка за обнова и развој во вредност од над четири милиони евра, го градиме експресниот пат Битола-Меџитлија, дел од Коридор 10.

Мора да остане државата на европскиот пат, отворена за странски директни инвестиции, кои отвораат работни места и ја јакнат домашната економија.

Ние нудиме ефикасен план за модернизацијата на македонските патишта.

СДСМ гради повеќе, СДСМ инвестира повеќе.

Последни вести