fbpx

Договорот е патриотски чин препознаен и поздравен од целиот демократски свет, ВМРО-ДПМНЕ треба да го поддржи

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

ВМРО-ДПМНЕ нема аргументи и затоа не престанува со лажните вести и невистини.
Конечниот Договор е врвен патриотски чин, затоа што го гарантира и зајакнува македонскиот идентитет и ги отвора перпсективите на Македонија како полноправна членка на НАТО и ЕУ.

Тоа е препознаено од сите освен од ВМРО-ДПМНЕ којашто останува заглавена во матрицата на минатото, на поделбите и изолацијата.

Целиот демократски свет, САД, ЕУ,ООН, Европската комисија, Европскиот парламент, Германија, Велика Британија и многу други, го поздрави договорот помеѓу Македонија и Грција,честиташе за лидерството и ги акцентираше придобивките за двете земји и за регионот.

ВМРО-ДПМНЕ треба да ги напушти поразените политики кои се уште ги застапува и да се вклучи во процесот кој на граѓаните им дава историска шанса, на референдум, да го имаат последниот збор за македонската иднина. Време е ВМРО-ДПМНЕ конечно да застане зад интересите на граѓаните и државата, да го поддржи Договорот и да каже ДА за македонската иднина.

Скопје, 25.06.2018

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

 

 

Последни вести