fbpx

Ковачевски: 27-ми април е крвав потсетник за владеењето на ВМРО ДПМНЕ

Facebook
Twitter
LinkedIn

Ковачевски: 27-ми април е крвав потсетник за владеењето на ВМРО ДПМНЕ

„Денеска е 27-ми април, еден од најцрните денови во поновата македонска историја, денот кога беше изгазена демократијата и беше нападнато македонското собрание. Верувам дека не треба да ве потсетувам на 2017-та, кога нашите пратеници беа во првата линија на браникот на нашата демократија“, порача претседателот на Социјалдемократскиот Сојуз на Македонија, Димитар Ковачевски, на вечерашниот митинг на СДСМ и Коалицијата во Гостивар.

Ковачевски рече дека насилниците, поттикнати и организирани од луѓе ВМРО-ДПМНЕ извршија напад на Собранието и ги „ловеа“ народни претставници.

„Се сеќаваме на немилите сцени, кога пратеници се влечеа во локни крв по подот на собранието, кога се крена рака и на новинарите и на собраниските служби, со еден збор, кога тргнаа да го уриваат нашиот уставен поредок“, додава Ковачевски.

Тие, драги мои гостиварчани, вели Ковачевски, не се никакви „уставобранители“, како што сакаат да ги нарекуваат Мицкоски и Силјановска.

„Тие се само едни најобични насилници и силеџии, кои мислеа дека со насилство ќе успеат повторно да се дограбат до власт. Епа СДСМ не го дозволи тоа. И никогаш нема да го оправдаме, ниту да најдеме логика во таа нивна постапка“ вели Ковачевси и додава дека теориите на Мицкоски и Силјановска за нивно помилување се скандалозни и вџашувачки.

Тоа е показател дека ама апсолутно ништо не е променето во ВМРО-ДПМНЕ, појаснува Ковачевски додавајќи дека ништо не е променето ниту пак во начинот на нивното размислување.

„Затоа, денешниот ден, 27 ми април засекогаш ќе остане еден тежок, крвав потсетник колку лесно неразумна и неодговорна владеачка гарнитура може да ја втурне земјата во колапс и да го уништи уставниот поредок“, им порача претседателот на СДСМ Ковачевски вечерва на гостиварчани и додаде дека СДСМ не се откажал ниту тогаш, ниту пак ќе се откаже сега и ги повика да излезат масовно на избори, на 8-ми мај и да гласаат за СДСМ и Коалицијата и нивниот претседателски кандидат, Стево Пендаровски.

Последни вести