fbpx

Ковачевски: СДСМ била, е и ќе биде силна партија која не се откажува кога е најтешко, борбата продолжува

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

На вечерашниот митинг во Крушево, претседателот на Социјалдеморатскиот Сојуз на Македонија, Димитар Ковачевски, им порача на присутните дека СДСМ е силна партија, која не се откажува кога е најтешко.

„Киро Глигоров кој ја внесе Македонија во ОН, ја има првата членска книшка на СДСМ. Во 2005 наш премиер го доби кандидатскиот статус за членство во ЕУ. Во 2016 година СДСМ го сруши режимот на Никола Груевски и ДПМНЕ. Пред 4 години благодарение на СДСМ и повторно на претседател на СДСМ станавме земја членка на НАТО, а пред две години повторно благодарение на СДСМ и на храброста на раководоството и пратениците, почнавме преговори со ЕУ. А од другата страна единствено блокади, единствено бегање и секогаш на погрешната страна на историјата“, порача Ковачевски.

Тој додаде дека во партијата се свесни за „казната“ што ја добиле во првиот круг од претседателските избори и таа порака ја примиле со почит кон сите што гласаа, но и кон оние кои одлучиле да не излезат на гласање.

Ковачевски посочи дека го разбира незадоволството на граѓаните и дека тоа незадоволство од дел од политиките, одлуките и кадровските решенија е основано и со причина.

„Сите ние некогаш се разочаруваме дури и од нашите најблиски пријатели. Имаа ситуации во животот кога можеби ненамерно ќе нè изневерат или ќе погрешат и најблиските. Но, дали тоа значи дека треба одма да се откажеме од нив и да бараме други партнери и пријатели? Не! Треба да седнеме, да поразговараме за проблемите прво меѓу себе, како што тоа ние го правиме со граѓаните. Само така ќе можеме да ги поправиме сите грешки и заедно да градиме подобра и просперитетна иднина за граѓаните“, рече претседателот Ковачевски.

Ковачевски во своето обраќање посочи дека историјата покажала дека СДСМ е силна партија, која не се откажува кога е најтешко и која не потклекнува во носењето на тешки одлуки.

„Замислете драги мои соседи во Крушево, драги пријатели, Илинденците при првиот предизвик да се откажеле од својата цел за слободна Македонија. Замислете Асномците при првата пречка да се откажеле од својата идеја за македонска држава.Замислете нашите претходници, во 90-тите, да се откажеа од идејата за независна Македонија. Тоа би било исто како ние да се откажеме од идејата за нашата цел за европска Македонија. Тоа значи откажување од идејата нашите деца да живеат подобар живот и нашите деца да го имаат она што денес го добиваат талкајќи по туѓи држави затоа што некој пред нас немаше храброст да донесе одлуки кои ќе ја направат земјата членка на ЕУ. СДСМ била, е и ќе биде силна партија. Партија која не се откажува кога е најтешко, партија која не потклекнува кога се очекуваат тешки одлуки. Сите оние кои мислеле дека ќе нѐ скршат, завршиле заборавени од историјата. Затоа, никој не треба да помисли, ниту на сон, дека сега ќе се откажеме“, порача претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски од Крушево.

Последни вести